Трамп: Путин сака Украина да успее, блиску сме до мировен договор

Доналд Трамп по средбата со Зеленски изјави дека Путин сака Украина да успее и дека е постигнат значителен напредок во мировните преговори.

Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски соопштија дека по нивната средба во Мар-а-Лаго е постигната широка согласност околу поголемиот дел од точките во мировните преговори за ставање крај на војната во Украина. Сепак, тие не изнесоа конкретни рокови за следните чекори, најавувајќи дека преговарачките тимови ќе продолжат со работа во наредните недели.

Трамп нагласи дека територијалните прашања остануваат најтешкиот дел од преговорите, но изрази оптимизам дека дијалогот напредува. Зеленски, пак, најави можност за нов состанок во Вашингтон со учество на европски лидери, со цел да се постигне дополнителен напредок.

Во своите изјави, Трамп рече дека Владимир Путин сака Украина да успее и дека Русија би можела да учествува во обновата на земјата, вклучително и преку енергетска поддршка. Тој објасни дека Путин сè уште не прифатил прекин на огнот бидејќи не сака борбите повторно да се разгорат подоцна, став што Трамп рече дека го разбира.

Зеленски потврди дека безбедносните гаранции за Украина се целосно договорени, додека мировниот план за крај на конфликтот е усогласен во голем дел. Тој исто така истакна дека украинската дијаспора ќе има право да учествува во евентуален референдум за мировниот договор.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни