Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која ќе се спречи воведувањето на високите американски царини за увоз на кинески стоки во следните 90 дена, изјави денеска функционер на Белата куќа.
Си-Ен-Би-Си објави дека извршната наредба е потпишана само неколку часа пред полноќ, кога требаше да истече рокот за воведување на гореспоменатите царини за Кина, објавени од Трамп.
Одложувањето беше очекуван исход од последната рунда разговори меѓу американските трговски преговарачи и нивните кинески колеги, што се одржа во Стокхолм кон крајот на минатиот месец.
Царското примирје меѓу Пекинг и Вашингтон истекуваше на 12 август и доколку не беше продолжено, американските царини за кинески стоки ќе скокнеа на 145 проценти, а кинеските царини за американски стоки за 125 проценти.
Двете страни објавија прелиминарен договор во мај по разговорите во Женева, кога се согласија и за 90-дневен прекин на огнот за да се овозможат натамошни преговори.