Трамп повторно го номинира Џеред Ајзакман за директор на НАСА

Претседателот Доналд Трамп повторно го номинира Џеред Ајзакман, приватен астронаут и сојузник на Илон Маск, за директор на НАСА. Сенатот повторно ќе гласа по повлекувањето на претходната кандидатура.

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го номинираше Џеред Ајзакман, приватен астронаут и милијардерски сојузник на Илон Маск, за нов администратор на НАСА, само неколку месеци по повлекувањето на неговата претходна кандидатура.

„Вечерва со задоволство го номинирам Џеред Ајзакман – успешен бизнис лидер, филантроп, пилот и астронаут – за директор на НАСА“, објави Трамп на својата мрежа Truth Social.

Тој истакна дека Шон Дафи, актуелниот министер за транспорт, „одлично ја извршил функцијата“ на в.д. директор на НАСА, на која беше назначен во јули оваа година, откако Трамп ја повлече првата номинација на Ајзакман поради „подлабински преглед на неговите претходни врски“ со Маск.

Сенатот повторно ќе гласа за кандидатурата

Новата номинација мора да биде потврдена од американскиот Сенат.

„Џередовата страст кон вселената, неговото искуство како астронаут и посветеноста на проширување на границите на истражувањето го прават идеален лидер за новата ера на НАСА“, напиша Трамп.

На претходното сослушување во април, Ајзакман најави дека ќе се обиде да постигне баланс меѓу постојната стратегија на НАСА фокусирана на Месечината и растечките иницијативи за истражување на Марс, велејќи дека „САД можат паралелно да планираат мисии кон двете дестинации“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни