Трамп потврди дека ќе го тужи Би-Би-Си: Ќе бараме најмалку милијарда долари

Трамп најави дека, во текот на викендов за ова прашање ќе разговара со британскиот премиер Кир Стармер
epa12468173 US President Donald Trump during a meeting with Australian Prime Minister Anthony Albanese in the Cabinet Room at the White House in Washington, DC, USA, 20 October 2025. EPA/YURI GRIPAS / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека ќе го тужи британскиот јавен сервис Би-Би-Си и таа сума би можела да изнесува од милијарда до пет милијарди долари за начинот на кој бил монтиран неговиот говор во програмата „Панорама“.

„Ќе ги тужиме најверојатно следната недела и тоа за сума од милијарда до пет милијарди долари“, изјави Доналд Трамп пред новинарите во „Ер Форс Уан“.

Шефот на кабинетот на Белата куќа нагласи дека Трамп морал да го направи тоа.

„Мораме да го направиме тоа, тие дури и признаа дека измамиле. Измамија. Ги сменија зборовите што излегоа од мојата уста“, додаде Трамп.

Трамп најави дека, во текот на викендов за ова прашање ќе разговара со британскиот премиер Кир Стармер, додавајќи дека „луѓето на Обединетото Кралство се многу лути поради тоа што се случило“.

Би-Би-Си во четврток официјално му се извини на американскиот претседател за „грешка во проценката“, но рече дека „не се согласува дека постои основа за тужба за клевета“.

Порано оваа недела, адвокатите на Трамп се заканија дека ќе ја тужат Би-Би-Си за 1 милијарда долари доколку не се извини, доколкиу не го повлече видеото и не му плати отштета.

Сепак, правните експерти велат дека Трамп би можел да се соочи со предизвици при поведувањето на постапка за случајот пред судовите во Велика Британија или САД.

Рокот за поведување постапка пред британските судови, каде што отштетата за клевета ретко надминува 100.000 фунти (132.000 американски долари), веќе е истечен, бидејќи документарецот беше емитуван во октомври 2024 година, пред повеќе од една година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни