Трамп потпиша нов закон за даноци – милиони може да останат без здравствено осигурување

И покрај тоа што некои конгресмени од редовите на Републиканската партија изразија загриженост за финансиското оптоварување од законот и неговото влијание врз здравствените програми, на крајот само двајца од 220 републиканци во Претставничкиот дом гласаа против него.

Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот во Белата куќа потпиша нов закон кој опфаќа голем пакет на даночни олеснувања и намалување на јавната потрошувачка, на свеченост под отворено небо по повод Денот на независноста, која личеше на негов политички митинг.

Со воени авиони над главите и стотици поддржувачи зад него, Трамп го потпиша законот ден по неговото тесно усвојување во Претставничкиот дом, каде доминираат републиканците.

Законот, кој исто така ќе ги финансира антиимиграциските мерки на Трамп и ќе ги направи трајни даночните олеснувања од 2017 година, може да остави милиони Американци без здравствено осигурување. Беше усвоен со 218 гласа „за“ и 214 „против“ по емотивна дебата во Претставничкиот дом.

„Никогаш не сум видел толку среќни луѓе во нашата земја поради ова“, рече Трамп.

На свеченоста, тој изјави:

„Законот се грижи за многу различни групи луѓе: за војската, цивили од секаков вид, бизниси од секаков вид.“

Им се заблагодари на претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, и на лидерот на мнозинството во Сенатот, Џон Тун, за нивната улога во поминувањето на законот низ двата дома на Конгресот.

„Значи, имате најголемо намалување на даноци, најголемо намалување на потрошувачка и најголемо вложување во безбедноста на границите во историјата на САД“, рече Трамп.

Законот се усвојува на Денот на независноста

Трамп организираше церемонија на јужниот тревник на Белата куќа за 4 јули – Денот на независноста – и нареди прелети на бомбардери и борбени авиони, како оние кои неодамна учествуваа во американските напади на нуклеарни постројки во Иран. На настанот присуствуваа стотици негови поддржувачи.

По говор со самофалби за напредокот на Америка под негово водство, Трамп го потпиша законот, се фотографираше со републиканските лидери и членови од својот кабинет и потоа се проби низ насобраната толпа.

Контроверзии и критики

И покрај тоа што некои конгресмени од редовите на Републиканската партија изразија загриженост за финансиското оптоварување од законот и неговото влијание врз здравствените програми, на крајот само двајца од 220 републиканци во Претставничкиот дом гласаа против него.

Усвојувањето на законот претставува голема политичка победа за Трамп и неговите сојузници, кои тврдат дека тој ќе поттикне економски раст, и покрај нeпартиските анализи кои предвидуваат дека законот ќе додаде повеќе од 3 билиони долари кон националниот долг, кој веќе изнесува 36,2 билиони долари.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни