Трамп побара од Врховниот суд да ја укине легалната дозвола за престој на над 530.000 имигранти

Администрацијата на Доналд Трамп побара од Врховниот суд на САД да и овозможи да ја укине легалната дозвола за престој на 532.000 имигранти од Венецуела, Куба, Никарагва и Хаити.

Станува збор за посебна програма воведена од претходната Демократска администрација, предводена од Џо Бајден, која им овозможи на граѓаните од овие четири држави да останат во САД легално најпрвин две години, поради сериозната состојба со човековите права во нивните татковини.

Иако администрацијата на Трамп планираше да ја укине програмата на 24 април, федерален судија во Бостон ја стопираше одлуката на 14 април, повикувајќи се на тоа дека Владата ја толкува погрешно законската рамка – со што се спроведува забрзана депортација дури и на оние кои во моментов имаат легален престој преку владини програми.

Министерката за внатрешна безбедност, Кристи Ноем, беше одговорна за укинувањето, а администрацијата на Трамп ја обвини судијката дека „го поништува едно од најважните политички решенија на администрацијата во сферата на миграцијата“ и дека „навлегува во извршните надлежности за управување со имиграциониот систем“.

Претседателот Трамп, кој борбата против нелегалната имиграција ја прогласи за апсолутен приоритет, повторно говори за „инвазија на криминалци од странство“ и се фокусира на медиумско прикажување на депортациите. Сепак, дел од неговите обиди за масовни депортации досега беа стопирани или одложени поради судски одлуки.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни