Трамп побара од Американците да не бидат слаби и глупави

Царините што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп ги погодија светските берзи, ја намалија цената на нафтата, а аналитичарите стравуваат дека тоа може да доведе до високи цени и слаба побарувачка, а потенцијално и до глобална рецесија.

Трамп денеска на својата социјална мрежа „Трут“ (Truth) им се обрати на Американците и ги повика да бидат „силни“ и да не бидат „паниканци“.

„САД имаат можност да направат нешто што требаше да го направат пред ДЕЦЕНИИ. Немојте да бидете слаби!. Немојте да бидете глупи! Немојте да бидете ПАНИКАН (нова партија составена од слаби и глупави луѓе!). Биди силен, храбар и трпелив – и ГОЛЕМИНАТА ќе даде резултат!“, објави Трамп на „Трут“.

Трамп ги предупреди и странските влади дека ќе мораат да издвојат многу пари за да ги укине царините, кои ги нарекува „лек“. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни