Трамп по останокот во Кина со договори за фентанил, соја и ретки метали

Американскиот претседател Доналд Трамп го оцени состанокот со кинескиот претседател Си како „12 од 10“, со договори за фентанил, соја и ретки метали, и најави идни средби и заедничка работа за Украина.

Американскиот претседател Доналд Трамп го оцени денешниот состанок со кинескиот претседател Си Џинпинг како „неверојатен“, истакнувајќи го кинескиот лидер и неговото водство. На разговор со новинарите во авионот Air Force One, Трамп оцени дека состанокот бил голем успех и „12 од 10“, нагласувајќи дека постигнале договор за неколку важни точки.

Клучни договори: фентанил, ретки метали и соја

Трамп објави дека САД и Кина постигнале неколку клучни договори. Веднаш стапува на сила одлуката САД да ги намалат царините за кинеската стока, воведени поради хемикалии потребни за производство на фентанил. Потврдено е и дека Кина ќе почне да купува големи количини соја, што Трамп го пофали.

Решено е и клучното прашање за трговијата со ретки земјини метали, една од главните точки на спор меѓу двете земји. „Прашањето со ретките метали е решено и тоа за целиот свет… Ова не беше само американска ситуација“, рече Трамп, додавајќи: „Нема повеќе кинеска блокада.“

Трамп истакна дека други земји, како Јапонија и Јужна Кореја, вложуваат огромни суми пари во САД, што никогаш порано не било видено, нарекувајќи го тоа историски успех.

Украина и идни средби

Двајцата лидери се договориле за заедничка работа на решавање на конфликтот во Украина. Трамп најави и нови средби на високо ниво: негово патување во Кина следната година и посетата на Си Џинпинг во САД.

Геополитички теми: Северна Кореја и нуклеарно оружје

Состанокот со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун не се одржал поради неговата зафатеност, но Трамп рече дека би можело да се случи во иднина. Тој потврди дека Тајван не бил тема на разговорите и ја нагласи потребата САД да продолжат со нуклеарни тестирања, истакнувајќи дека светот веќе го прави тоа.

Други теми: Канада и технологија

Трамп истакна дека имал пријатен разговор со канадскиот премиер и дека Пекинг ќе разговара со извршниот директор на Nvidia, Џенсен Хуанг, а американските власти ќе делуваат како „водач“.

Разговорот со новинарите се одвивал во опуштена атмосфера, и покрај турбуленциите во летот, а Трамп се пошегува за интервјуата и царините на кинеската стока.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни