Трамп по нападот кај Белата куќа: „Трајно ја запирам миграцијата од земјите од Третиот свет“

По смртоносната пукање во близина на Белата куќа, Трамп најави трајна забрана за миграција од „земјите од Третиот свет“. Уапсен е 29-годишен Авганистанец, а САД стопираат сите авганистански имиграциски барања.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави радикална мерка – трајна објава за запирање на миграцијата од сите „земји од Третиот свет“. Изјавата доаѓа само неколку дена по смртоносниот напад близу Белата куќа, во кој авганистански државјанин уби припадничка на Националната гарда, пишува NDTV.

На својот профил на Truth Social, Трамп оцени дека имиграцискиот систем на САД е „подриен“, и покрај технолошкиот напредок:

„Трајно ќе ја запрам миграцијата од сите земји од Третиот свет за да му дозволам на нашиот систем целосно да се опорави… ќе ги отстраниме сите кои не се придобивка за САД или не ја сакаат нашата земја, ќе ги укинеме сите федерални привилегии за недржавјани, ќе го одземаме државјанството на мигранти кои го нарушуваат домашниот мир и ќе депортираме секого кој е товар, безбедносен ризик или некомпатибилен со западната цивилизација.“

Тој додаде дека единствено „ОБРНАТА МИГРАЦИЈА“ може да ја „излечи ситуацијата“, по што саркастично заврши со честитка за Денот на благодарноста – „освен на оние кои мразат, крадат и уништуваат“.

Поводот: Пукање во Вашингтон

Најавата следи по шокантниот напад само неколку улици од Белата куќа. Напаѓачот пријде кон припадниците на Националната гарда, Сара Бекстром и Ендру Вулф, и отвори оган од непосредна близина.

20-годишната Сара Бекстром почина од раните, што го потврди и Трамп, а 24-годишниот Вулф е во критична состојба.

Осомничениот Рахманулах Лаканвал (29), Авганистанец кој дошол во САД во 2021 година по повлекувањето од Авганистан, е уапсен. Мотивот сè уште не е познат.

САД ги стопираат сите имиграциски барања од Авганистанци

Како директна последица од нападот, Министерството за државјанство и имиграциски услуги привремено ја стопира обработката на сите барања од авганистански државјани.

Во соопштението стои:
„Заштитата и безбедноста на нашата татковина и нашите граѓани е наш приоритет.“

Трамп го напаѓа Бајден

Непосредно пред големата најава, Трамп сподели фотографија од авганистански бегалци евакуирани во 2021 година, користејќи ја за напади кон Бајден:

„Никогаш нема да го заборавиме она што Покварениот Џо Бајден и неговите насилници ѝ го направија на нашата земја.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни