Со воена парада во Вашигнтон, на која учествуваше и претседателот Доналд Трамп, САД одбележаа 250 години од формирање на армијата.
Случајно или не, денот се погоди со роденденот на Трамп, па многумина тоа го видоа како негова приватна забава со државни ресусрси.
„Секоја друга земја ги слави своите победи, време е и Америка да го стори тоа“, им рече Трамп на присутните по парадата на која учествуваа околу 7000 војници и над 150 разни воени возила.
Според првичните проценки парадата во Вашингтон чини околу 45 милиони долари, а истата се одржува во период кога секојдневно се случуваат анти Трамп протести во речиси сите поголеми градови.
Одредени медиуми, како Ролинг стоун, парадата ја нарекоа голем неуспех, додавајќи таа била „со малку присутни а со премногу политички говори“.
Од дуга страна, претходно во текот на денот, илјадници граѓани маршираа во Вашингтон и други градови во знак на протест против политиките на Трамп.
Протестит беа претежно мирни и го означија најголемиот излив на противење на претседателството на Трамп откако тој се врати на власт во јануари. Во Лос Анџелес, пак, ситуацијата остана напната. Демонстрантите испукуваа она што полицијата го нарече комерцијален пиротехнички потенцијал против полицајците, заедно со камења и шишиња. Некои демонстранти носеа гас-маски и шлемови и ветија дека ќе останат во областа уште долго во текот на денот.