Трамп ја започна церемонијата за потпишување на иницијативата „Одбор за мир“

Новото тело, замислено како алтернатива на постојните меѓународни механизми, засега нема јасен меѓународноправен мандат

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја започна церемонијата за потпишување на иницијативата Одбор за мир, проект што тој го претставува како ново меѓународно тело за справување со мировни процеси и безбедносни кризи надвор од постојните рамки, како што се Обединети нации.

Иницијативата првично била замислена да го надгледува примирјето во Газа, но со текот на времето прераснала во поширока идеја за форум што би се занимавал со глобални конфликти. Трамп во повеќе наврати јавно ја доведе во прашање ефикасноста на Обединетите нации, сугерирајќи дека новиот одбор би можел да преземе дел од нивната улога.

Сепак, „Одборот за мир“ во моментов нема јасно дефиниран меѓународноправен мандат, што предизвика критики и сомнежи кај дел од меѓународната заедница. Дополнителни контроверзии отвори и можноста за вклучување на Русија, која води војна против Украина, поради што неколку западни земји најавија дека нема да учествуваат во иницијативата.

Церемонијата се пренесува во живо, а засега не е познато кои држави или меѓународни актери официјално ќе се приклучат кон новоформираниот одбор.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни