Трамп најави нови напади врз Иран: „Гледајте што ќе им се случи“

Американскиот претседател предупреди дека САД и Израел би можеле да ја прошират воената операција и да погодат нови цели ако конфликтот продолжи.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави нови американски напади врз Иран, користејќи остра реторика кон иранското раководство во објава на својата платформа Truth Social.

Во пораката тој предупреди дека „треба да се внимава што ќе се случи со тие пореметени гадови“, додавајќи дека американските сили имаат огромна воена предност.

Трамп истакна дека, според него, САД ја добиваат војната и дека иранските воени ресурси се значително ослабени од почетокот на конфликтот.

Во истата објава, тој го критикуваше весникот The New York Times, тврдејќи дека медиумот создава погрешна слика за текот на војната. Според него, американската војска располага со „неспоредлива огнена моќ, неограничена муниција и многу време“.

Трамп во пораката наведе дека иранската морнарица и воздухопловни сили се уништени, а дека ракетите и беспилотните летала на Иран се постојано таргетирани во текот на операциите.

Конфликтот меѓу САД, Израел и Иран ескалираше по нападите што започнаа на крајот на февруари, по што следуваа ирански одговори насочени кон американски цели во регионот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни