Трамп не може да се сети од каде потекнува Меланија: „Тоа е прекрасна земја…“ (ВИДЕО)

Иако не можеше да ја именува родната земја на жената, Трамп ја пофали нејзината интелигенција. „Таа е различна, зборува многу јазици, многу е паметна и разбира што се случува. И таа е добро влијание врз мене“, додаде тој.

На светската премиера на филмот Меланија, претседателот Доналд Трамп и првата дама беа на црвениот тепих, но Трамп не можеше да се сети од каде всушност потекнува неговата сопруга.

Документарецот, во кој Амазон инвестираше 40 милиони долари, ја следи Меланија Трамп во 2025 година додека се подготвува за уште четири години во Белата куќа, нудејќи ѝ на публиката внимателно насочен поглед во животот на првото семејство.

Поддршката од поширокото семејство отсуствуваше на премиерата, што се одржа во четврток вечерта во новоименуваниот Центар Трамп Кенеди. На настанот не присуствуваше синот на Меланија, Барон, како и другите деца на Доналд Трамп: Ивана, Ерик и Иванка.

Трамп за Меланија: Таа доаѓа од далечна, прекрасна земја

Ситуацијата стана незгодна на црвениот тепих кога новинарите го прашаа претседателот Трамп како се чувствува во врска со филмот за неговата сопруга, кој наводно чинел 28 милиони долари. Тој рече дека е „горд“ на Меланија поради нејзиното потекло, но потоа не успеа да ја именува земјата од која потекнува.

Одговарајќи на прашања, Трамп опширно зборуваше за земјата на потекло на неговата сопруга, но се мачеше да се сети точно каде е родена жената со која е во брак 20 години. „Таа доаѓа од далечна, прекрасна земја. Таа е чиста, убава и безбедна. Нема проблеми како другите. Таа доаѓа од многу безбедна, многу добра земја“, рече претседателот.

Иако не можеше да ја именува родната земја на жената, Трамп ја пофали нејзината интелигенција. „Таа е различна, зборува многу јазици, многу е паметна и разбира што се случува. И таа е добро влијание врз мене“, додаде тој.

Многумина што го следеа премиерата го забележаа гафот на претседателот, кој стана цел на урнебесни коментари.

„Тој нема поим од која земја е неговата сопруга“ и

„Заборавил од каде е неговата сопруга… нели?“ се појавија на социјалните мрежи.

Која е Меланија Трамп?

Меланија (55) е родена во 1970 година Словенија.

Меланија Трамп испрати важна порака: „Мора да се обединиме“

Првата дама, која почна да се занимава со манекенство на 16-годишна возраст, го искористи својот успех за да го напушти Балканот во 1996 година, откако ѝ беше понуден договор што ѝ овозможи да емигрира во Соединетите Држави. Само две години подоцна, таа го запозна тогашниот магнат за недвижности Доналд Трамп, а останатото е историја – или барем тема на најскапиот документарец некогаш направен.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни