Трамп најавува нови бомбардирања ако Иран продолжи со нуклеарната програма

Поради збогатувањето на ураниум, се случи 12дневната војна меѓу Израел и Иран во која загинаа или беа повредени стотици граѓани од двете земји

Американскиот претседател Доналд Трамп денес се закани дека повторно ќе го бомбардира Иран доколку таа земја продолжи да збогатува ураниум.

Тој го изјави тоа на прес-конференција кога беше прашан дали би размислил за понатамошно бомбардирање доколку американските разузнавачки служби заклучат дека Иран може да збогати ураниум до загрижувачки нивоа.

Иран моментално има ураниум збогатен до 60 проценти, а за нуклеарно оружје се потребни 90 проценти. Сепак, Техеран тврди дека целта на таа програма е во мирно време, а Израел, главниот сојузник на Америка, ја гледа како егзистенцијална закана.

Поради збогатувањето на ураниум, се случи 12дневната војна меѓу Израел и Иран во која загинаа или беа повредени стотици граѓани од двете земји.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни