Претседателот Доналд Трамп ѝ дал зелено светло на американската војска да изврши воздушни напади во Венецуела неколку дена пред операцијата, според двајца американски функционери кои разговарале со Си-Би-Ес њуз под услов да останат анонимни.
Воените претставници дебатираа за спроведување на мисијата на Божиќ, но американските воздушни напади во Нигерија против цели на ИСИЛ имаа предност, велат изворите.
На Божиќ, Трамп објави дека САД извршиле воздушни напади врз милитантите на Исламска држава во северозападна Нигерија поради нападите на групата врз христијаните во регионот. Африканската команда на САД во тоа време објави дека нападот бил извршен на барање на нигериските власти и дека во него биле убиени неколку милитанти на ИСИЛ.
Деновите по Божиќ отворија повеќе потенцијални можности за напад врз Каракас, но операцијата беше одложена поради временските услови, изјавија извори на CBS. Тие нагласија дека американската војска сака временски услови поволни за успехот на мисијата.
