Трамп нареди нуклеарни тестови: САД повторно ја активира својата атомска моќ по 30 години

Доналд Трамп нареди итно тестирање на нуклеарно оружје – прво по 1992 година. Одлуката може да предизвика нова трка во вооружување со Русија и Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на Министерството за одбрана на САД веднаш да започне со тестирање на нуклеарно оружје, со цел земјата да биде „на рамноправна основа“ со Русија и Кина.

„Поради програмите за тестирање на другите земји, му наложив на Министерството за војна да започне со тестирање на нашето нуклеарно оружје на рамноправна основа. Процесот ќе започне веднаш,“ изјави Трамп на Truth Social, во пресрет на средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг во Јужна Кореја.

Трамп додаде дека Русија е втора, а Кина „далеку трета“, но дека ќе се „изедначи во рок од пет години“.

Растат тензиите со Москва и Пекинг

Изјавата на Трамп доаѓа само еден ден по најавата на рускиот претседател Владимир Путин дека Русија успешно го тестирала нуклеарниот суперторпедо „Посејдон“, оружје за кое аналитичарите велат дека може да предизвика радиоактивни цунами и уништи крајбрежни градови.

Путин претходно овој месец ја претстави и новата крстосувачка ракета „Буревестник“, како и нуклеарни воени вежби на 22 октомври, со што Москва демонстрираше сила и моќ.

САД се враќа на тестирања по повеќе од 30 години

Последното нуклеарно тестирање во САД било изведено во 1992 година, по што земјата се потпира на симулации и лабораториски анализи за одржување на функционалноста на својот арсенал.

Високи воени претставници сметаат дека повторното тестирање може да обезбеди вредни технички податоци и да испрати јасна политичка порака до Русија и Кина за американската подготвеност.

Аналитичарите предупредуваат дека ваквиот потег може да ги наруши меѓународните договори за забрана на нуклеарни тестови и да предизвика нова трка во вооружување меѓу најмоќните држави во светот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни