Царината за Македонија падна од 33% на само 15%! Што значи ова за македонската економија?

Американскиот претседател Доналд Трамп со нова извршна наредба ја намали царинската стапка за Македонија од претходните 33 на само 15 отсто! Оваа одлука важи и за земјите од Европската унија, кои исто така ќе плаќаат 15% царина при увоз во САД, откако на 27 јули беше склучен трговски договор.

Од соседните држави, Хрватска и Словенија исто така ќе имаат царина од 15%, додека Србија ќе се соочи со повисока царина од 35%, Босна и Херцеговина со 30%, а Црна Гора ќе има најниска стапка од 10%.

Првичната најавена царина за македонските производи беше 33%, а новата одлука која стапува на сила од 7 август им дава повеќе време на компаниите да се прилагодат на новите услови.

Трамп во април годинава, првично објави царинска стапка за македонските производи од 33 отсто.

Со новата извршна наредба на американскиот претседаел, се воведуваат нови царини помеѓу 10 и 50 проценти за речиси сите трговски партнери на САД.

Новите американски царини, ќе стапат во сила на 7 август, а не на 1 август, со цел да се обезбеди повеќе време за нивно спроведување спроведување на новите царини.

Оваа одлука на Трамп може да биде значаен поттик за македонскиот извоз и економски раст во иднина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни