Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека ќе ја информира Конгресот за плановите за напади на копнени цели на нарко-картелите во Венецуела, со што сака да ја прошири досегашната морска воена кампања, јавува New York Post.
„Ќе одиме во Конгресот. Не гледам ништо лошо во тоа – нема причина да не одиме“, изјави Трамп пред новинарите, истакнувајќи дека во претходната федерална операција се уапсени околу 3.200 лица поврзани со нарко-картелите.
Тој додаде дека нема да се бара формално прогласување на војна, туку дека целта е да се елиминираат лицата кои ја пренесуваат дрогата кон САД:
Трамп нагласи дека неговата кампања против нарко-картелите ќе биде истакната и на претстојниот самит со кинескиот претседател Си Џинпинг, на кој ќе се разгледува проблемот со фентанилот, кој според федералните податоци во последните пет години усмртил околу 330.000 Американци.
Тој посочи дека кинеските производители го пренасочуваат фентанилот преку Венецуела за да го заобиколат засилениот надзор во американските и мексиканските пристаништа.
Во моментов, американските сили во Карипското море и источниот Пацифик, покрај венецуелската обала, спроведуваат напади врз брзи чамци за кои се верува дека припаѓаат на нарко-картелите. Од почетокот на октомври, уништени се најмалку седум чамци, а најмалку два напада се извршени во Пацификот. Пентагон соопшти дека операциите се насочени кон „заштита на американските интереси и борба против транснационалниот криминал“.
Во мисијата учествуваат и разурнувачи на американската морнарица, подморници со нуклеарен погон, извидувачки авиони, борбени авиони F-35 и дронови MQ-9, кои ја следат активноста на чамците и координираат евентуални напади.
