Трамп најави блокада на Ормускиот теснец по неуспешните преговори со Иран

По пропаѓањето на преговорите меѓу САД и Иран, Доналд Трамп најави воени и поморски мерки, вклучително и блокада на Ормускиот теснец и остри акции против иранскиот нуклеарен програм.

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, објави серија пораки на неговата социјална мрежа „Truth Social“ во кои најави ескалација на мерките против Иран по неуспешните преговори меѓу двете земји.

Трамп изјави дека американската морнарица ќе започне процес на блокада на сите бродови што се обидуваат да влезат или да излезат од Ормускиот теснец, еден од најважните светски поморски премини за транспорт на нафта.

Тој наведе дека дел од преговорите биле успешни, но дека клучното прашање, иранската нуклеарна програма останало нерешено. Според неговата изјава, Иран одбил да се откаже од своите нуклеарни амбиции, што, како што тврди, претставува главна пречка за постигнување договор.

Американскиот претседател додаде дека САД нема да дозволат ниту една држава да ги „уценува“ или да наметнува услови преку контрола на стратешки поморски правци. Тој исто така најави дека американската морнарица ќе пресретнува бродови кои, според неговите тврдења, плаќаат такси на Иран за премин низ теснецот.

Во своите пораки, Трамп предупреди дека секој напад врз американски или цивилни бродови ќе биде силно возвратен, додавајќи дека САД и нивните сојузници ќе реагираат на секоја закана по слободата на пловидбата. Тој истакна дека Иран е одговорен за глобална нестабилност поради ограничувањата и условите што ги поставува во Ормускиот теснец и дека „никој што плати нелегална такса нема да има безбеден премин на отворено море“.

Иако преговорите траеле речиси 20 часа и вклучувале обид за компромис, Трамп повтори дека не е постигнат договор за нуклеарното прашање, кое останува централна точка на конфликтот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни