Американскиот претседател Доналд Трамп најави нови економски мерки кон Индија, земја која често ја нарекува пријателска, почнувајќи од 1 август.
Трамп на социјалните мрежи објави дека целата индиска стока увезена во САД ќе биде обложена со царина од 25 проценти, и најави дополнителна „казна“, но без да открие детали.
За индиските царини рече дека се „меѓу највисоките во светот“ и ја обвини Владата во Њу Делхи за „најодбојни нецарински трговски бариери“.
Сепак, она што најмногу го иритира американскиот претседател е блиската соработка на Индија со Русија, како на воен така и на енергетски план, пренесува RT Balkan.
„Од секогаш купуваат огромен дел од својата воена опрема од Русија и се најголеми купувачи на руска енергија заедно со Кина – во време кога сите бараат Русија да престане со убивањето во Украина. Сето тоа не е добро“, изјави Трамп.