Трамп изјави дека одлуката е донесена врз основа на „опсежна проценка за национална безбедност“, според која овие мерки се неопходни за заштита на клучните индустрии во земјата.
„Бакарот е од суштинско значење за полупроводници, авиони, бродови, муниција, дата-центри, литиум-јонски батерии, радарски системи, противракетна одбрана и дури и хиперсонично оружје кое во моментов масовно го произведуваме,“ напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social.
Најпогодени од оваа мерка ќе бидат Чиле, Канада и Мексико – трите најголеми снабдувачи на САД со рафиниран бакар и производи од бакар. Властите од Чиле, Канада и Перу веќе испратиле реакција до американската администрација, посочувајќи дека нивниот извоз не претставува закана и дека не треба да биде предмет на дополнителни царини, бидејќи имаат договори за слободна трговија со САД.