Трамп му порача на Стармер: Не ни треба помош кога војната веќе е добиена

Доналд Трамп го критикуваше британскиот премиер Кир Стармер, велејќи дека САД не им требаат сојузници кои се приклучуваат во конфликтот дури откако, според него, војната веќе е добиена.


Американскиот претседател Доналд Трамп испрати порака до британскиот премиер Кир Стармер на својата социјална мрежа Truth Social, коментирајќи ги можните планови на Велика Британија за воено ангажирање на Блискиот Исток.

Трамп напиша дека Обединетото Кралство, кое го нарече „некогаш голем и можеби најголем сојузник“, дури сега сериозно размислува да испрати два носачи на авиони во регионот, но додаде дека таква помош повеќе не е потребна.

„Повеќе не ни требаат. Ќе го запомниме тоа. Не ни требаат луѓе кои се приклучуваат во војните откако ние веќе сме победиле“, напиша Трамп.

Неговата изјава доаѓа откако се појавија информации дека британската морнарица забрзано го подготвува носачот на авиони HMS Prince of Wales за можност да биде испратен на Блискиот Исток.

Претходно премиерот Стармер изјави дека Велика Британија нема намера да се вклучи директно во конфликтот. Сепак, подоцна беше одобрено американските сили да користат британски воени бази, а подготовките на носачот на авиони се сметаат за мерка што би овозможила побрза реакција доколку се донесе одлука за негово распоредување.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни