Трамп: Можеби ќе треба да избереме – да го преземеме Гренланд или да го спасиме НАТО

Трамп не одговорил директно, но признал дека неговата администрација можеби ќе мора да избере помеѓу две опции

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „може да биде прашање на избор“ за САД помеѓу остварувањето на својата амбиција да ја преземе контролата врз Гренланд и зачувувањето на НАТО.

Во дводелно интервју за „Њујорк тајмс“ на 7 јануари, американскиот претседател одговори на прашањето дали е поважно за него да го преземе Гренланд или да го зачува 76-годишниот воен сојуз, објави „Политико“ .

Во последниве денови, ова прашање стана особено важно за европските сојузници на САД, со оглед на тоа што Доналд Трамп и неговите соработници ја засилија својата реторика за присвојување на самоуправна данска територија.

Трамп не одговори директно, но призна дека неговата администрација можеби ќе мора да избере помеѓу две опции, објави „Њујорк тајмс“ во печатена форма.

Кога го прашале зошто сака САД да го контролираат Гренланд, Трамп рекол:

„Бидејќи мислам дека е психолошки неопходно за успех. Сопственоста ви дава нешто што не можете да го добиете преку закуп или договор. Сопственоста носи работи и елементи што не можете да ги добиете само со потпишување на документ.“

Американскиот претседател, исто така, изјави за „Њујорк тајмс“ дека не се чувствува одговорен пред меѓународното право и дека е ограничен само од својата совест.

„Мојот морал. Мојот разум. Тоа е единственото нешто што може да ме запре. Не ми треба меѓународно право“, додаде тој.

Данската премиерка Мете Фредериксен на 5 јануари предупреди дека американската инвазија на Гренланд би го означила крајот на воениот сојуз.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни