Трамп: Ќе ја „преземеме“ Куба – можам да направам што сакам

Доналд Трамп со контроверзна изјава за Куба – вели дека САД може да ја „преземат“, додека кризата на островот се продлабочува.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува да има „чест да ја преземе Куба“, во момент кога островската држава се соочува со сериозна енергетска и економска криза.

Тој додаде дека САД можат да направат „што сакаат“ со Куба, нагласувајќи дека земјата во моментов е ослабена. Изјавата доаѓа додека Вашингтон и Хавана водат преговори за иднината на односите.

Според извештаи, американски претставници дури побарале смена на кубанскиот претседател Мигеч Дијаз како услов за напредок во разговорите – потег што Куба традиционално го одбива како мешање во внатрешните работи.

Притисокот врз Куба се зголеми откако САД ја прекинаа испораката на нафта, особено по падот на венецуелскиот лидер Николас Мадуро, кој беше клучен сојузник на Хавана. Ова доведе до сериозен енергетски колапс и масовни прекини на струја низ земјата.

Трамп и претходно спомнуваше можност за „пријателско преземање“ на Куба, но сега порача дека тоа „можеби нема да биде пријателско“, што дополнително ги зголеми тензиите.

Од кубанска страна, Дијаз-Канел нагласи дека секој дијалог со САД мора да се води со почитување на суверенитетот и политичкиот систем на земјата.

Овие изјави се сметаат за сериозна ескалација во односите меѓу двете земји, со потенцијални последици за стабилноста во регионот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни