Трамп ја предупреди Кина: Си знае што ќе се случи ако го нападне Тајван

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека кинескиот лидер Си Џинпинг добро ги разбира последиците од евентуална инвазија на Тајван, но одби да открие дали САД би интервенирале во таков случај.

Во интервју за CBS, емитувано во емисијата 60 минути, Трамп рече дека „Си знае што би се случило“ ако Кина нападне, додавајќи дека не сака однапред да открива детали:
„Ќе дознаете ако тоа се случи. Тој го знае одговорот на тоа прашање.“

Кинеските власти тврдат дека Тајван е дел од нивната територија, додека Вашингтон останува најсилен поддржувач на неговата самостојност.

Иако прашањето за Тајван е една од најспорните теми меѓу двете сили, Трамп откри дека за време на неодамнешната средба со Си Џинпинг во Јужна Кореја, темата „воопшто не била спомната“.
„Ова прашање не беше на дневен ред“, изјави Трамп, додавајќи дека „е во контакт со другата страна“, но не може да „открива тајни“.

Трамп тврди дека кинеската делегација јасно ставила до знаење дека нема да презема никакви потези кон Тајван додека тој е на власт, „затоа што се свесни за последиците“.

Самостојноста на Тајван останува централна точка на тензиите меѓу Кина и САД, но на последната средба двајцата лидери се фокусирале на намалување на трговските тензии и стабилизирање на економските односи.

Извор:Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни