Трамп има нова фризура?

Доналд Трамп повторно се најде во центарот на вниманието поради својот изглед. Овој пат не се работи за неговиот портокалов тен, туку за нова фризура која ги забавуваше луѓето на социјалните мрежи.

На X, поранешен Твитер, се споделуваат видеа од Трамп, новоизбраниот претседател на Америка, на кои се гледа неговата нова фризура.

Луѓето се навикнати Трамп да биде зачешлан, но сега на видеото кое е направено во неговиот голф клуб во Вест Палм Бич, се забележува дека решил да го промени својот имиџ.

Трамп си ја скратил косата и целосно ја залижал, што предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, а луѓето најмногу го исмеваа.

„Важно е што уште е тврдоглав“, „Ова не може намерно“, „Како штотуку да излегол од туш“, се само дел од коментарите.

Се појавија и серија вештачки генерирани фотографии со варијации на фризурата на Трамп, кои дополнително ги забавуваа луѓето.

Меѓутоа, неколкумина дадоа објаснување за оваа необична слика. Според нив, фризурата на Трамп се должи на капата што ја носел додека играл голф.

„Вака изгледа буквално секој пат кога игра голф“, „Не е нова фризура, само ја симна капата“, „Замислете колку се забавуваа на тој терен за голф“,  истакнаа во коментарите.

Луѓето често коментираат за препознатливиот, портокалов тен на Доналд Трамп, а многумина веруваат дека тоа е крема за самопотемнување.      

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни