Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека на крајот „ќе се случи припојување на автономната данска територија Гренланд кон САД и дека тоа ќе ја унапреди меѓународната безбедност”.
„Мислам дека тоа ќе се случи и тоа ни е потребно за меѓународната безбедност“, рече Трамп, по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
Руте одговори дека не сака да ја вклучува НАТО во таа приказна, иако додаде дека Трамп е во право во однос на безбедноста на Арктикот.
„Кинезите сега ги користат тие рути. Знаеме дека Русите ги модернизираат своите вооружени сили. Затоа е многу важно седумте арктички земји, покрај Русија, да работат заедно на ова прашање под водство на САД за да се гарантира безбедноста на тој регион“, додаде генералниот секретар на НАТО.
Опцијата десен центар победи на парламентарните избори на Гренланд во вторникот, во придружба на националистите кои се залагаат за независност, на изборите обележани со изјавите на Трамп, кој повеќе пати изрази желба да го припои арктичкиот остров.
Гренланд сега се обидува да формира коалиција која ќе биде способна да ја одреди патеката кон независност, за да се спротивстави на апетитите на претседателот Трамп.