Трамп: Го заробивме Мадуро!

„Претседателот Николас Мадуро беше заробен и изнесен од земјата заедно со неговата сопруга.“ објави Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД извршиле „масовни воени напади врз Венецуела“ и дека „ги заробиле нејзиниот лидер, претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга“.

Трамп го објави ова во соопштение на неговата социјална мрежа Truth Social, чиј целосен текст е даден подолу.

„Соединетите Американски Држави успешно спроведоа голем државен удар против Венецуела и нејзиниот лидер, претседателот Николас Мадуро, кој беше заробен и изнесен од земјата заедно со неговата сопруга.“

„Оваа операција беше спроведена во соработка со американските органи за спроведување на законот. Повеќе детали ќе следат. Прес-конференција ќе се одржи во Мар-а-Лаго денес во 11 часот. Ви благодарам за вниманието кон ова прашање!“, напиша тој. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни