Трамп го помилува основачот на најголемата крипто берза во светот

Белата куќа објави дека одлуката е дел од уставните овластувања на претседателот и дека доаѓа по неколкумесечни активности поврзани со регулирањето на крипто-индустријата
Фото: Gage Skidmore

Американскиот претседател Доналд Трамп го помилува основачот на најголемата крипто берза во светот „Бинанс“ Чангпенг Жао, познат по иницијалите ЦЗ, кој пред две години се изјасни за виновен во случај поврзан со перење пари додека беше извршен директор на берзата.

Трамп објасни дека ја донел одлуката по препорака на „многу истакнати личности“ и дека верува оти Чангпенг Жао не е виновен по други обвиненија и додаде дека помилувањето не е насочено против Кина, пренесува CNBC.

Белата куќа објави дека одлуката е дел од уставните овластувања на претседателот и дека доаѓа по неколкумесечни активности поврзани со регулирањето на крипто-индустријата.

Во својата објава на X (порано Twitter), Жао му се заблагодари на Трамп и најави понатамошна работа за да ги направи Соединетите Држави глобален центар на крипто индустријата и Web 3 технологиите.

Помилувањето предизвика силни реакции кај политичарите. Конгресменката Елизабет Ворен ја нарече одлуката пример за „корупција“ и потсети дека Жао претходно лобирал за негово помилување и помогнал во развојот на крипто-активноста поврзана со семејството Трамп.

Во ноември 2023 година, Чангпенг Жао постигна договор за признавање на вина во федералниот суд во Сиетл по обвинението за непреземање чекори за спречување на перење пари преку „Бајнанс“.

Врз основа на договорот, CZ беше принуден да ја напушти позицијата извршен директор на Binance, а берзата плати казни во вкупен износ од 4,3 милијарди долари.

Во април 2024 година, Жао беше осуден на четири месеци затвор.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни