Трамп го опоменува новинарот „да не го засрами нашиот гостин“ по прашањето за убиството на Џамал Кашоги

Американскиот претседател Доналд Трамп упати опомена кон новинар во Овалната соба откако тој постави прашање до саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман во врска со убиството на новинарот Џамал Кашоги.
epa12468173 US President Donald Trump during a meeting with Australian Prime Minister Anthony Albanese in the Cabinet Room at the White House in Washington, DC, USA, 20 October 2025. EPA/YURI GRIPAS / POOL

Настанот се случи за време на нивната средба во Вашингтон, првата посета на престолонаследникот на САД по убиството во 2018 година.

Кога новинарот се обиде да праша за убиството во саудискиот конзулат во Истанбул, Трамп го пресече коментарот со зборовите: „Не мора да го засрамувате нашиот гостин“, видливо настојувајќи да го заштити престолонаследникот од непријатни прашања.

Трамп повтори дека бин Салман „не знаел ништо“ за убиството, иако извештај на американската разузнавачка заедница од 2021 година утврди дека престолонаследникот ја одобрил операцијата за апсење или ликвидација на Кашоги. Дополнително, Трамп изјави дека „многу луѓе не го сакале“ Кашоги, додека саудискиот лидер го нарече убиството „огромна грешка“.

Средбата помина во исклучително топол тон, со чести шеги и јавни пофалби од страна на Трамп кон престолонаследникот. Саудискиот лидер во текот на конференцијата најави дека Ријад ќе го зголеми инвестирањето во САД на околу 1 билион долари.

Инцидентот со новинарското прашање е најкоментираниот момент од средбата, бидејќи повторно го отвори прашањето за односот на администрацијата на Трамп кон саудиското раководство и за начинот на кој се третираат критичарите на режимот.

Извор: BBC

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни