Трамп го нападна Лав XIV: Не сакам таков папа

„Папата Лео е слаб во однос на криминалот, а ужасен во однос на надворешната политика“, напиша Трамп на платформата Truth Social
EPA-EFE/VATICAN MEDIA HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го нападна папата Лав XIV, нарекувајќи го „слаб“ во однос на криминалот и „ужасен“ во однос на надворешната политика, откако поглаварот на Католичката црква ја критикуваше надворешната и имиграциската политика на Трамп.

„Папата Лав е слаб во однос на криминалот, а ужасен во однос на надворешната политика“, напиша Трамп во долг пост на платформата Truth Social.

Лав XIV, кој е познат по својот внимателен избор на зборови, се издвои како отворен критичар на американско-израелската војна против Иран што започна на 28 февруари, објави Ројтерс.

Папата рече дека заканата на Трамп, упатена овој месец, за уништување на иранската цивилизација е „неприфатлива“. Тој, исто така, повика на „длабоко размислување“ за начинот на кој се третираат мигрантите во Соединетите Држави под администрацијата на Трамп.

„Лав треба да се смири“, напиша Трамп, подоцна додавајќи им на новинарите дека не е „голем обожавател“ на поглаварот на Католичката црква.

„Да не бев јас во Белата куќа, Лав немаше да биде во Ватикан“

„Папата Лав е слаб во однос на криминалот и ужасен во однос на надворешната политика. Тој зборува за „страв“ од администрацијата на Трамп, но не го споменува стравот што го имаа Католичката црква и сите други христијански организации за време на Ковид, кога апсеа свештеници, пастори и сите други за одржување богослужби, дури и кога беа на отворено и на десет, дури и дваесет метри оддалеченост еден од друг.“

Ми се допаѓа неговиот брат Луис многу повеќе отколку него, бидејќи Луис е тотално МАГА. Тој го разбира тоа, а Лав не!

Не сакам папа кој мисли дека е во ред Иран да има нуклеарно оружје.

Не сакам Папа кој мисли дека е ужасно што Америка ја нападна Венецуела, земја која испраќаше огромни количини дрога во Соединетите Држави и, уште полошо, ги празнеше своите затвори, вклучувајќи убијци, дилери на дрога и криминалци, во нашата земја.

И не сакам Папа кој го критикува претседателот на Соединетите Американски Држави затоа што јас правам токму она за што сум избран, УБЕДЛИВА ПОБЕДА, го намалувам криминалот на рекордно ниско ниво и ја создавам најголемата берза во историјата. Лео треба да биде благодарен затоа што, како што сите знаат, тој беше огромно изненадување.

Тој не беше на ниту еден список за папа и беше ставен таму само затоа што е Американец, затоа што сметаа дека тоа е најдобриот начин да се справи со претседателот Доналд Џ. Трамп. Да не бев јас во Белата куќа, Лео немаше да биде во Ватикан.

За жал, Лео е слаб во однос на криминалот, слаб во однос на нуклеарното оружје, што не ми се допаѓа, ниту пак се среќава со симпатизери на Обама како Дејвид Акселрод, ГУБИТНИК од левицата, еден од оние што сакаа верници и свештеници да бидат уапсени.

Лео треба да се собере како папа, да користи здрав разум, да престане да се додворува на радикалната левица и да се фокусира на тоа да биде голем папа, а не политичар. Тоа многу му штети нему и, што е уште поважно, ѝ штети на Католичката црква“напиша Трамп.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни