Трамп го намалува финансирањето за јавните медиуми. Вели дека се “woke” и марксистички

Администрацијата на Трамп ги означи повеќе институции од академската заедница и медиумската индустрија – од Харвард и Колумбија до NPR и PBS – како левичарски, марксистички, пристрасни и „woke“, и се закани со намалување на финансирањето. Активистите за човекови права изразија загриженост за загрозување на слободата на говор и академската слобода.

Белата Куќа соопшти дека Доналд Трамп потпишал извршна наредба со која се намалува финансирањето на медиумите NPR и PBS, во најновиот обид на американскиот претседател да го искористи федералното финансирање како алатка против институциите што не ги одобрува.

Со наредбата се наложува на Корпорацијата за јавно емитување (CPB), која распределува средства на станиците на PBS и NPR, „да престане со директно финансирање“, според текстот на уредбата што Белата куќа го објави во четвртокот навечер. Овие медиуми се означени како партиски и пристрасни.

Ги означи медиумите како “woke”

„Управниот одбор на CPB ќе го укине постоечкото директно финансирање во најголема можна мера дозволена со закон и ќе одбие идно финансирање“, стои во уредбата.

И NPR и PBS претходно веќе предупредија дека обидот на Трамп да го намали нивното финансирање ќе ги наруши основните медиумски услуги и ќе има „разорен ефект“ врз Американците кои се потпираат на овие медиуми за веродостојни локални и национални вести, вклучително и за време на вонредни ситуации.

Администрацијата на Трамп ги означи повеќе институции од академската заедница и медиумската индустрија – од Харвард и Колумбија до NPR и PBS – како левичарски, марксистички, пристрасни и „woke“, и се закани со намалување на финансирањето. Активистите за човекови права изразија загриженост за загрозување на слободата на говор и академската слобода.

Од доаѓањето на власт во јануари, Трамп и неговиот сојузник, милијардерот Илон Маск, започнаа кампања за намалување на трошоците, што резултираше со укинување и обид за распуштање на разни агенции и отпуштање на повеќе од 200.000 федерални службеници.

Тужби и критики

Администрацијата на Трамп се обидува да ги затвори „Гласот на Америка“, „Радио Слободна Азија“ и медиумската мрежа MBN која емитува вести од Блискиот Исток, а чии информативни програми се финансирани од владата. Федерален судија ѝ нареди на администрацијата на Трамп кон крајот на април да ги прекине тие напори.

Целта на уредбата на Трамп од четвртокот е да се прекине и индиректното финансирање на NPR и PBS, така што CPB ќе треба да осигура „дека носителите на лиценци и дозволи на јавните радио и телевизиски станици, како и сите други приматели на средства од CPB, нема да користат федерални средства за NPR и PBS“.

CPB во понеделникот ја тужеше Белата куќа, откако Трамп се обиде да отпушти тројца од петте членови на управниот одбор. Оваа непрофитна корпорација е основана од Конгресот во 1967 година, а таа финансира повеќе од 1500 локално управувани јавни радио и ТВ станици.

Неколку медиуми објавија дека Белата куќа планира да побара од Конгресот укинување на 1,1 милијарда долари поддршка за CPB – сума која одговара на двегодишно финансирање.

Според податоците на нивната веб-страница, NPR има повеќе од 900 вработени. Точниот број на вработени во PBS не е целосно познат, но едно медиумско известување наведува дека кон крајот на 2022 година имал повеќе од 550 вработени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни