Трамп го избриша видеото во кое Барак и Мишел Обама се прикажани како мајмуни

Од профилот на Доналд Трамп е отстрането контроверзно видео во кое Барак и Мишел Обама беа прикажани како мајмуни, што предизвика лавина реакции и обвинувања за расизам.

Од профилот на американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа Truth Social е отстрането видеото во кое поранешниот претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел Обама беа прикажани како мајмуни.

Станува збор за видео во траење од околу една минута, кое Трамп го сподели, а кое во најголем дел се фокусира на неговите тврдења за наводна изборна кражба на претседателските избори во 2020 година. Во самиот финиш на видеото, Обама и неговата сопруга се појавуваат на околу една секунда, со нивни лица монтирани врз тела на мајмуни, додека во позадина се слуша песната „The Lion Sleeps Tonight“.

Белата куќа: Објавата била направена по грешка

За NBC News, функционер на Белата куќа изјави дека видеото било објавено по грешка.

„Вработен во Белата куќа по грешка го објави овој материјал. Објавата е отстранета“, изјави официјалниот претставник.

Контроверзна одбрана од портпаролката на Белата куќа

Претходно, портпаролката на Белата куќа Каролин Ливит изјави дека станува збор за интернет-меме.

„Ова е меме-видео кое го прикажува претседателот Трамп како ‘крал на џунглата’, а демократите како ликови од ‘Кралот лав’. Ве молиме престанете со лажно згрозување и известувајте за нешта кои денес навистина ѝ се важни на американската јавност“, изјави Ливит.

Мемето на кое таа се повика беше споделено уште во октомври од Републиканската партија во округот Хардин, сојузната држава Кентаки. По бран остри реакции и обвинувања за расизам, тогашниот претседател на локалниот партиски огранок се извини и ја избриша објавата, поради потсетувањето на долгата историја на расистички стереотипи кои Афроамериканците ги прикажуваат како мајмуни.

Остро осудување од демократи и републиканци

Објавата предизвика бурни реакции на Капитол Хил. Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким Џефрис, првиот Афроамериканец на чело на една партија во Конгресот, напиша на платформата X:

„Претседателот Обама и Мишел Обама се брилијантни, сочувствителни и патриотски Американци. Тие го претставуваат најдоброто од оваа земја. Доналд Трамп е одвратен, нестабилен и злонамерен паразит од дното.“

Тој повика секој републиканец јавно да ја осуди, како што рече, ‘одвратната нетрпеливост’ на Трамп.

Републиканскиот сенатор Тим Скот, единствениот Афроамериканец во редовите на републиканците во Сенатот и претседател на Националниот републикански сенаторски комитет, изјави:

„Се молам ова да е лага, затоа што ова е најрасистичката работа што сум ја видел од оваа Бела куќа. Претседателот треба веднаш да ја отстрани објавата.“

Лидерот на демократското малцинство во Сенатот, Чак Шумер, напиша:

„Расистички. Одбивно. Срамно. Ова е опасно и ја понижува нашата земја. Каде се републиканските сенатори? Претседателот мора веднаш да ја избрише објавата и да им се извини на Барак и Мишел Обама – двајца големи Американци покрај кои Доналд Трамп изгледа како мал и завиден човек.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни