Се отвараат тајните досиeјa за убиствата на Џон и Роберт Кенеди и Мартин Лутер Кинг

Во текот на неговиот мандат од 2017 до 2021 година, Трамп даде слично ветување и навистина објави некои документи поврзани со убиството на Џон Ф. Кенеди во 1963 година. Сепак, на крајот подлегнал на притисоците од Централната разузнавачка агенција (ЦИА) и Федералниот истражен биро (ФБИ) и ги задржал значајните делови од документите во тајност, повикувајќи се на безбедноста на нацијата

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша наредба за декласификација на досиеја односно ги отстранил ознаките на тајност од информациите за убиствата на Џон Ф. Кенеди, Роберт Кенеди и Мартин Лутер Кинг Младиот, јавува Ројтерс.

Во среда, во интервју за Фокс Њуз, тој изјави дека доверливите документи поврзани со убиството на претседателот на САД Џон Ф. Кенеди и борецот за човекови права Мартин Лутер Кинг ќе ги објави „веднаш“.

Во текот на неговиот мандат од 2017 до 2021 година, Трамп даде слично ветување и навистина објави некои документи поврзани со убиството на Џон Ф. Кенеди во 1963 година. Сепак, на крајот подлегнал на притисоците од Централната разузнавачка агенција (ЦИА) и Федералниот истражен биро (ФБИ) и ги задржал значајните делови од документите во тајност, повикувајќи се на безбедноста на нацијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни