Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша наредба за декласификација на досиеја односно ги отстранил ознаките на тајност од информациите за убиствата на Џон Ф. Кенеди, Роберт Кенеди и Мартин Лутер Кинг Младиот, јавува Ројтерс.
Во среда, во интервју за Фокс Њуз, тој изјави дека доверливите документи поврзани со убиството на претседателот на САД Џон Ф. Кенеди и борецот за човекови права Мартин Лутер Кинг ќе ги објави „веднаш“.
Во текот на неговиот мандат од 2017 до 2021 година, Трамп даде слично ветување и навистина објави некои документи поврзани со убиството на Џон Ф. Кенеди во 1963 година. Сепак, на крајот подлегнал на притисоците од Централната разузнавачка агенција (ЦИА) и Федералниот истражен биро (ФБИ) и ги задржал значајните делови од документите во тајност, повикувајќи се на безбедноста на нацијата.