Американскиот претседател Доналд Трамп потпишал извршна уредба насочена кон Смисонскиот институт, кој управува со повеќе од 20 музеја и истражувачки центри во Вашингтон и Њујорк, со цел да се „елиминира непогодна, поларизирачка или антиамериканска идеологија“ од овие институции, пренесува Би-Би-Си (BBC).
Насловот на уредбата е „Враќање на вистината и разумот во американската историја“. Според Би-Би-Си, потпретседателот Џеј Ди Венс, кој како потпретседател на САД автоматски е член на одборот на Смисонскиот институт, ќе ја води „чистката“. Исто така, му се наредува на министерот за внатрешни работи, Даг Бургум, да ја обнови целата федерална имотност, вклучувајќи паркови, споменици и статуи, кои биле „неправилно отстранети или изменети во последните пет години за да се изврши ревизија на историјата“.
Во уредбата се нагласува дека Конгресот не треба да финансира изложби и програми на Смисонскиот институт кои „ги делат Американците по раси“. Се споменува и Американскиот женски историски музеј, кој е во изградба, а кој планира „да ги признаат мажите како жени“.
Смисонските музеи секоја година ги посетуваат околу 15 до 30 милиони луѓе. Станува збор за 21 музеј во Вашингтон, Вирџинија и Њујорк. Меѓу нив се Националниот музеј на американската историја, Националната галерија на портрети, Американскиот музеј на уметноста, Националната зоолошка градина и многу други.
Трамп започнал радикално да ја преобликува американската култура, која според него е контаминирана од левичарската идеологија. Тој веќе потпишал неколку наредби кои имаат за цел да ги елиминираат програмите за разноликост, еднаквост и инклузија од федералната влада.