Трамп бара истрага за врските на Епштајн со демократски лидери и други личности

Државната обвинителка на САД, Памела Бонди, ја додели истрагата на обвинителот Џеј Клејтон, по барање на поранешниот претседател Доналд Трамп

Државната обвинителка на САД, Памела Бонди на барање на Доналд Трамп поведе истрага за поврзаноста на осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн и политичките противници на американскиот претседател, меѓу кои и поранешниот претседател Бил Клинтон од Демократската партија.

Бонди на платформата Икс објави дека истрагата му е доделена на државниот обвинител на енхетн, Џеј Клејтон.

Неколку часа пред објавата на Бонд, Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушал“ објави дека од обвинителката ќе бара да ги истражи „врските и односот на Епштајн“ со Клинтон, поранешниот министер за финансии Лари Самерс, основачот на социјалната мрежа „ЛинкдИн“ и донатор на демократите Рид Хофман, банката „Џеј Пи Морган Чејс“ (JP Morgan), која пружаше услуги на Епштајн, како и „многу други луѓе и институции“.

Американските демократи во Претставничкиот дом пред два дена објавија над 20.000 документи од архивата на Епштајн, како и три електронски пораки на осудениот сексуален престапник со неговата соработничка Гилејн Максвел и новинарот Мајкл Волф, во кои се спомнува Трамп.

Американскиот претседател за наводите против него изјави дека се работи за „измама во која се вмешани демократите, а не републиканците“.

Демократите наведоа дека Трамп знаел дека покојниот Епштајн експлоатирал малолетни девојки. Тие цитираа преписка меѓу Епштајн и Волф, како и неговата поранешна девојка Максвел, која отслужува 20-годишна казна за сексуална трговија со деца.

Е-поштата вклучува писмо од 2019 година до Волф, во кое Епштајн напишал дека Трамп „знаел за девојките, затоа што ја замолил Гилејн да престане“. Во друг мејл од 2011 година до Максвел, Епштајн тврди дека Трамп „поминал часови во својот дом со една од жртвите“, чие име не е споменато. Тој го нарекува Трамп „куче, кое сè уште не залаело“.

Трамп постојано негира какво било знаење или вмешаност во злосторствата на Епштајн. Тој тврди дека со Епштајн биле пријатели во 90-тите години, но подоцна се скарале.

Епштајн изврши самоубиство во 2019 година во притвор откако беше уапсен по обвиненија за сексуални злосторства.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни