Трамп бара бесплатен премин за американски бродови низ Панамскиот и Суецкиот канал

САД ја завршија изградбата на каналот на почетокот од 20-тиот век, но во 1999 година ѝ ја предадоа контролата над стратешки важниот воден пат на Панама.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американските воени и трговски бродови треба да имаат бесплатен премин низ Панамскиот и Суецкиот канал бидејќи „тие канали не би постоеле без Соединетите Американски Држави“.

„Му наредив на државниот секретар Марко Рубио веднаш да се зафати со оваа ситуација“, напиша Трамп во објава на мрежата Truth Social.

Панамскиот канал го преминува најтесниот дел од превлаката меѓу Северна и Јужна Америка, овозможувајќи побрзо движење на бродовите помеѓу Атлантскиот и Пацифичкиот океан. Преку него секоја година минува околу 40 проценти од американскиот контејнерски сообраќај.

САД ја завршија изградбата на каналот на почетокот од 20-тиот век, но во 1999 година ѝ ја предадоа контролата над стратешки важниот воден пат на Панама.

Трамп повеќепати повторуваше дека сака да го „врати“ каналот. Пред да ја преземе функцијата во јануари, им изјави на новинарите дека не би ја исклучил можноста за употреба на економска или воена сила за повторно да преземе контрола врз каналот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни