Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп ќе присуствува на отворањето на репарираната катедрала Нотр Дам, во Париз. Тоа воедно ќе биде и негово прво патување во странство по победата на неодамнешните претседателски избори.
Патувањето Трамп го потврди и на неговиот сајт „Truth Social“ истакнувајќи дека ќе му биде чест во сабота (7декември) да отпатува во Париз и да присуствува на повторното отворање на величествената и историска катедрала Нотр Дам.
Катедралата треба повторно да биде отворена во сабота по повеќе од пет години реконструкција по разорниот пожар во 2019 година, кој го зафати и речиси го уништи белегот на Париз. Церемониите во сабота и во недела ќе се одржуваат со висок степен на безбедност, имајќи предвид дека се очекува да присуствуваат околу 50 шефови на држави и влади.