Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира да воведе нов програм со кој ќе се нудат пари на имигрантите за да ја напуштат Сједињените Американски Држави доброволно.
Трамп рече дека таквиот “програм за самодепортација” ќе вклучува одредена финансиска помош и можност за понатамошен легален влез во земјата.
“Ќе им дадеме некои пари и авионска карта, а потоа ќе соработуваме со нив. Ако се добри, ако сакаме да се вратат, ќе работиме со нив на тоа да ги вратиме што е можно побрзо”, рече тој во интервју за Фокс њуз.
Трамп ветува дека ќе депортира рекорден број на илегални имигранти во САД, а неговата администрација бара од имигрантите да покажат “намери да си заминат” користејќи апликација за царинска и гранична заштита на САД наречена CBP Home, пренесува Ројтерс.