Иако мнозинството од луѓето коментираат за последиците од нов мандат на Трамп во Белата куќа за економијата, трговските односи и војните во светот, фудбалските фанови се загрижија што значи неговото враќање во Белата куќа за Светското првенство.
Светското првенство во 2026 година ќе го отвори мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум, додека Трамп ќе биде одговорен за затворањето, а според стандардниот протокол, шефот на државата каде што се организира финалето е тој што го доделува пехарот на победникот.
Првиот и единствен пат досега кога САД беа домаќини на Светско првенство во 1994 година, тогашниот претседател Бил Клинтон, сепак, не учествуваше на финалето кое го освои Бразил. Наместо него, на финалето присуствуваше потпретседателот на САД, Ал Гор, кој го врачи трофејот.
Тоа значи дека доколку сака, Доналд Трамп ќе може да го додели победничкиот трофеј на финалето кое е закажано за 19 јули 2026 година на МетЛајф стадионот во Њу Џерси.
Доналд Трамп како претседател на САД би бил одговорен и за отворање и затворање на Олимписките игри во Лос Анџелес 2028, кои ќе се одржат од 14 до 30 јули.