Инцидентот се случи кога Колинс го постави прашањето за случајот со Килмар Амброго Гарсија, кој бил „по грешка“ депортиран од САД во Ел Салвадор. Уште на почетокот Трамп ја воведе со зборови со ироничен тон, нарекувајќи го CNN „телевизија со ниска гледаност“.
Кога новинарката праша дали Гарсија ќе биде вратен назад во САД, Трамп остро реагираше:
„Дали е можно да му наредувате на претседателот на Ел Салвадор што да прави со неговите граѓани?“ – запраша тој, продолжувајќи:
„Затоа никој не ве гледа. Сакате да пуштиме криминалци на слобода. Вие сте болни луѓе.“
Додека Трамп уживаше во нападот врз една од своите омилени медиумски мети, претседателот на Ел Салвадор, Наиб Букееле, одби да се обврзе за безбедно враќање на Гарсија.
„Немам овластување да го вратам во САД,“ изјави Букееле. „Како би можел да прошверцувам терорист назад во Америка?“ – рече тој, повторувајќи ја тезата на администрацијата на Трамп дека Гарсија е наводен член на бандата MS13.
Наведениот случај ја зголеми тензијата на прес-конференцијата, а Трамп го искористи моментот и за напад на поранешниот претседател Џо Бајден.
„Тој беше претседател со нарушена перцепција. Јас ги поминав моите тестови. Се чувствувам одлично,“ изјави Трамп.
Тој додаде: „Тие (медиумите) би сакале да пуштат криминалец да влезе во нашата земја. Би сакале, верувајте. Овие луѓе се болни.“
Телевизијата CNN ја прекина директната емисија неколку минути пред крајот на прес-конференцијата. Водителката Дејна Бас коментираше:
„Слушнавме многу информации, но и дезинформации. Претседателот Трамп рече дека CNN ја мрази нашата земја. Тоа не е точно. Јас сум тука веќе 32 години и ваква реторика досега не сме виделе.“