Трактори пред Парламентот: Грчките земјоделци излегоа на протест

Десетици трактори денес се појавија во центарот на Атина, каде грчките земјоделци протестираа пред Парламентот поради зголемените трошоци за производство и, како што велат, недоволната поддршка од владата.

Според извештај на „Ројтерс“, земјоделците сметаат дека мерките што досега им биле понудени не се доволни за да го одржат производството и да обезбедат опстанок на нивните семејства. Тие најавија дека протестите ќе продолжат и во текот на ноќта.

Минатиот месец земјоделците ги прекинаа блокадите низ земјата поради одложени исплати на земјоделска помош. Владата соопшти дека расчистила голем дел од заостанатите плаќања, како и дека ќе обезбеди поевтино гориво и компензација за идни загуби во производството.

Сепак, претставници на земјоделските синдикати тврдат дека многумина сè уште немаат добиено целосна надомест за штетите од минатата година. Меѓу клучните барања се гарантирани минимални цени за земјоделските производи, инвестиции во наводнување и подобрување на инфраструктурата како заштита од идни поплави.

Според „Танјуг“, токму овие прашања остануваат најголем камен на сопнување меѓу земјоделците и владата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни