Изминатава ноќ во 02:15 часот, граѓаните на Кочани и околните места се собираа заедно пред поранешната дискотека ПУЛС во тивко сеќавање и почит, и оддадоа почит на 63-те жртви на големиот пожар и најголемата трагедија која му се случила на градот.
Во 02:32 часот, моментот што засекогаш го промени Кочани, сите застанаа во минута молк. „Нека светлината сведочи дека не забораваме, а тишината зборува за љубовта што останува“ беше порака која ја испратија.

Хронологија на една трагедија
Сè започна вечерта на 14 март 2025 година, околу 02:30 часот, кога пожарот изби во дискотеката „Пулс“ во центарот на Кочани. Според првичните извештаи на МВР, огнот се проширил за само неколку минути поради запалливи материјали и преполните простории.
Сведоци изјавија дека во моментот на трагедијата во клубот се наоѓале повеќе од 300 луѓе, од кои голем број беа тинејџери и млади луѓе. Паника и хаос владееле на сите излези, многумина не успеале да се евакуираат навреме. Објектот не располагал со излези за пожар ниту пак ги задоволувал основните стандарди за безбедност, што ја напрви трагедијата поголема.

Епилог – 63 лица кои загинаае на лице место, по пат кон болниците или за време на лекувањето, додека над 50 беа сериозно повредени и хоспитализирани во Скопје, Штип и Кочани. Најтешко повредените беа испратени во соседните земји на лекување.
Градот беше во шок. Во првите недели по пожарот, истражните органи започнаа хронолошко документирање на настанот. Според извештаите, најголем дел од повредените во болница биле пренесени со приватни возила, а првите возила за спасување пристигнале по пет до седум минути, но напредокот на огнот и присуството на запалливи материјали го отежнале гасењето. Исто така, беше утврдено дека клубот не ги почитувал сите безбедносни стандарди, што дополнително ја зголемило трагедијата.

Во текот на месеците што следеа, полицијата уапси неколку лица поврзани со управувањето и безбедноста на дискотеката. Според МВР и Судскиот архив на Кочани, обвинителството покрена кривични пријави за небрежност со фатални последици, загрозување на живот и здравје, како и за непочитување на противпожарните стандарди. Оставки немаше. Политичка одговорност на поднесе никој.
Судскиот процес започна неколку месеци по трагедијата. Обвинетите тврдат дека пожарот бил несреќен случај, додека обвинителството претстави фотографии, видеоматеријали и сведочења кои покажуваат сериозни пропусти во управувањето со клубот. Во текот на судењето, се презентирани и извештаи од ТППЕ, вештачења од стручно лице за безбедност на објекти и сведочења од преживеаните, кои ја опишуваат паниката, невозможноста за евакуација и хаосот што владеел во клубот.

Вчера заедницата во Кочани организираше низа настани за помнење и поддршка на повредените и на семејствата на настраданите. Велосипедска тура, семинари за безбедност и трибини за превенција на несреќи беа дел од програмата на општината.
До денес, 63-те жртви се симбол на болка на целата заедница. Најмладите загинати имаа само 16 години, а најстариот посетител 42 години. Вкупно повеќе од 50 лица биле повредени, од кои некои се уште носат трајни последици. Лекарите и психологот на Општина Кочани продолжуваат со психолошка поддршка за семејствата на настраданите, како и за преживеаните од пожарот.

Годинава, на денот на годишнината, граѓаните се приклучијат на тивко сеќавање пред поранешната дискотека. 02:15 часот – сите со свеќи, 02:32 часот – минута молк. Светлината и тишината зборуваат за љубовта што останува и за болката што никогаш нема да се заборави.
Историјата на овој настан останува како лекција за безбедност и одговорност. Секое семејство, секој пријател и секој граѓанин вчера вечер носеше дел од таа тишина и светлина, за 63-те млади животи што засекогаш го променија градот.