Најмалку осум скијачи загинаа во лавина во калифорниските планини Сиера Невада, додека деветто лице се води како исчезнато и се стравува дека е мртво, соопштија властите. Несреќата веќе се смета за една од најсмртоносните поединечни лавини во историјата на САД.
Лавината удрила кај Castle Peak
Според официјалните информации, лавината со должина приближно колку фудбалско игралиште го погодила подрачјето Касл Пикво близина на градот Траки, околу 16 километри северно од езерото езерото Тахо
Несреќата се случила околу 11:30 часот по локално време, додека група скијачи го завршувале тридневниот излет во планина. Обилната зимска бура што последните денови донела неколку метри свеж снег во високата Сиера значително го зголемила ризикот од лавини.
Шестмина спасени во екстремни услови
Спасувачките тимови, составени од околу 50 лица од скијалиштето Boreal Mountain и авантуристичкиот центар Alder Creek, успеале да стигнат до шест преживеани. Еден од нив е хоспитализиран со повреди кои не се опасни по живот.
Преживеаните се засолниле во импровизирано засолниште направено делумно од церада и комуницирале со спасувачите преку радио-предаватели и текстуални пораки.
Шерифот на округот Невада, Шанон Мун, изјави дека спасувачите се соочиле со „екстремни“ услови – силни ветрови и заслепувачки снег. Тие успеале со моторна санка да се приближат на околу три километри од местото, а потоа продолжиле на скии.
Телата ќе бидат извлечени кога ќе дозволи времето
Осумте загинати биле пронајдени со активни сигнали од уредите за лоцирање, но нивните тела ќе бидат извлечени кога временските услови ќе го дозволат тоа.
Групата била на организиран излет со водичи од компанијата Blackbird и престојувала во колибите Frog Lake Backcountry Huts, во близина на врвот Донер, на околу 2300 метри надморска височина.
Предупредување за „висока“ опасност од лавини
Центарот за лавини „Sierra Avalanche Center“ го продолжил предупредувањето за лавини, наведувајќи дека „високата“ опасност може да трае и во текот на наредниот ден.
Според податоците на Информативниот центар за лавини во Колорадо, во САД во последната деценија во просек секоја зима од лавини гинат по 27 лица.
Оваа трагедија повторно ја отвора дебатата за безбедноста на планинските тури во услови на екстремни временски прогнози и предупредувања за лавини.