Трагедија во Индија: Најмалку 20 загинати во пожар по судир на автобус и мотор

Најмалку 20 лица загинаа во пожар по судир на автобус и мотор во јужна Индија. Од 41 патник, спасени се 21 лице.

Најмалку дваесет лица загинаа во тешка несреќа во јужна Индија, кога се запалил приватен автобус по судир со моторциклист на патот помеѓу градовите Бангалор и Хајдерабад, јавуваат индиските медиуми повикувајќи се на локалните власти.

Според информациите, пожарот избувнал по истекување на гориво од автобусот по ударот.

„Од вкупно 41 патник, 21 лице е спасено. Од останатите, досега се идентификувани телата на 11 лица,“ изјавил окружниот службеник А. Сири за агенцијата ANI.

Слични трагедии во земјата

Минатиот месец во слична несреќа во западната сојузна држава Раџастан загинале 19 лица, откако се запалил друг приватен автобус, потсетува Reuters.

Иако Индија е трет најголем автомобилски пазар во светот, земјата има едни од најсмртоносните патишта. Според официјалните податоци, минатата година во сообраќајни несреќи низ целата земја загинале околу 180.000 луѓе.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни