Два одделни инциденти се случија во Билефелд со разлика од само половина час. Младите мажи загинаа по експлозии на рачно изработени пиротехнички средства
Двајца 18-годишници загинаа во германскиот град Билефелд по несреќа со рачно изработени пиротехнички средства, соопшти полицијата рано во четврток.
Во еден од двата одделни инциденти, тинејџер загина на местото на несреќата во областа Баумхајде, пренесува ДПА. Тој запалил пиротехнички справа во песокот на игралиштето, а таа експлодирала пред неговото лице, објавува германскиот медиум Билд.
