Трагедија на Италијанските Алпи: Двајца скијачи загинаа, се стравува од повеќе жртви

Двајца скијачи загинаа во лавина во италијанските Алпи, а трет е во критична состојба. Спасувачките екипи трагаат по можни дополнителни жртви
Фото: Шар Планина

На италијанските Алпи, во долината Аоста, двајца скијачи загинаа во лавина, додека трет е пренесен во болница во Торино во критична состојба, соопштија планинските спасувачки служби. Се трага по можни дополнителни жртви, бидејќи се проценува дека во снегот можеби се затрупани и до шест скијачи, најверојатно државјани на Франција.

Лавината се одрони околу 11 часот над селото Курмајеур, каде група скијала надвор од патеките. Втора лавина денеска се случи во регионот Трентино, но спасувачките екипи успеаа да го извлечат скијачот кој бил затрупан под снегот.

Оваа сезона во Алпите веќе се регистрирани неколку лавини кои однесоа човечки животи, што дополнително предупредува на опасностите од скијање надвор од уредените патеки и за време на неповолни временски услови.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни