Трагедија на Гвадалуп: Автомобил влетал на божиќна прослава, 10 загинати

Најмалку десет лица загинаа, а девет се повредени откако автомобил во петок влетал во толпа собрана на божиќна прослава во градот Сен-Ан во Гвадалуп, француска прекуморска територија. Трагедијата се случила додека траеле последните подготовки за свеченоста, а меѓу повредените тројца се во критична состојба, пишува DD News.

Несреќата се случила на плоштадот Шелшер, пред градската општина и црквата. Властите веднаш започнале истрага, но точната причина за трагедијата сè уште не е утврдена. Според изјави на очевидци пренесени од локалното радио Radio Caraibes Internationale (RCI), се сомнева дека возачот се почувствувал лошо додека управувал автомобилот, но официјална потврда за оваа информација сè уште нема. Возачот по несреќата останал на местото на настанот.

На местото на несреќата брзо стигнале бројни екипи на пожарникари, итна помош и полиција. Градоначалникот го активирал кризниот штаб за да се обезбеди помош за повредените и нивните семејства во, како што властите го опишале, „ужасната трагедија“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни