Двајца македонски државјани го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што утрово се случила на автопатот Белград – Ниш, додека едно лице е повредено и е пренесено на болничко лекување, јавува агенцијата Танјуг.
Според првичните информации, до несреќата дошло кога патничко возило со германски регистарски таблички излетало од патот и удрило во заштитен насип покрај автопатот.
Српските медиуми наведуваат дека загинатите се маж и жена, и дека двајцата биле државјани на Северна Македонија. Засега нема официјални информации за идентитетот на жртвите.
Екипи на сообраќајната полиција и итната помош интервенирале на местото на несреќата, а надлежните служби работат на целосно нормализирање на сообраќајот на оваа делница.